Фестивалот беше отворен со филмот „Cinema Komunisto“, на режисерката Мила Турајлиќ. Летниот филмски фестивал опфаќаше документарни и играни кинематографски остварувања, а на неговиот репертоар беа и филмовите „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селишкар, како и краткометражниот филм „Другарот“, во режија на Димитар Оровчанец.
Публиката пред домот на културата „Билјана Беличанец“ можеше да го гледа и „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески, еден од најнаградуваните македонски филмови, кој се прикажуваше на десетици светски филмски фестивали. Влезот беше бесплатен, а летниот филмски фестивал на отворено беше во организација на Општина Кисела Вода, со поддршка од „Македокс“.