Фото: Маја Јаневска Илиева

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март.

– Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање – во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час – потенцираат во писмениот допис.