Скопската зоолошка градина сподели радост. Утрово во Зоолошката градина во Скопје се роди уште едно животинче, женско пони бебе.
„Утрово не дочека нова радост – женско бебе кај пони коњите“ – соопштија од Зоолошката градина, додавајќи дека ова е уште едно во низата пресреќни моменти во последниот месец.
Во текот на изминатите 30 дена, во Скопската зоолошка градина се родиле околу 30 нови бебиња од различни видови. Од таму велат дека ова е потврда за добрата грижа и условите што им се обезбедени на животните, како и за успешната работа на целиот тим.
Од скопската зоолошка споделија дека вчера се родиле близначиња лемури
– Уште еден пар близначиња во екипата од Мадагаскар Ова е втор пар близнаци кои ги добивме оваа пролет кај лемурите кои се исклучително загрозен вид, но скопската клима, условите како и грижата од зоонегувателите ни донесоа повеќе бебиња“ – стои во вчерашниот пост.

Сите новородени животинчиња, вклучувајќи го и најновото пони бебе, може да се видат при посета на Скопје ЗОО, која и понатаму останува едно од омилените места за семејни прошетки и едукативни посети.