Камион со странски регистарски таблички утрово пропадна во централниот дел од подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Полицајци пристигнаа на местото и разговараа со лицата кои беа во возилото, а за случајот ќе се направи записник.
Подната фонтана на скопскиот плоштад „Македонија“ не е во функција неколку години, а неколкупати досега се оштетува од возила кои поминуваат врз неа.
Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија чиј камион со тркалата пропадна на плоштадот „Македонија“ немал дозвола за движење на плоштадот, иако имало поднесено такво барање.
Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд.
Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок.
Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.