Дури 193 непрописно паркирани возила биле кренати од пајак-службата во општината Центар во изминатите седум дена. Како што информираат општинските власти, тие го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 3.4. до 9.4.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ се отстранети 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичкото средство „блокатор“ се санкционирани 84 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – велат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Оттаму додаваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР-Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општината Центар, со цел да се издигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.