Фото/Илустрација: Нова Македонија

Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот – информира за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески.

Томески во изјавата за МИА посочува дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 01.20 часот, а причините допрва ќе се утврдуваат.

Скопските пожарникари утринава интервенирале на уште еден пожар во скопската населба Влае каде горела кровна конструкција на куќа на улицата „Иван Цанкар“.

Томески информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени четири возила со 12 пожарникари.