„Паркови и зеленило“ остро го осудува вандализмот
Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“.
Оттаму реагираат дека за жал, вакви глетки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.
– Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители – наведуваат од претпријатието.