Фото: Горан Анастасовски

Во Зоолошката градинка во Скопје деновиве се роди ново младенче од видот берберска овца, кое го фотографираше нашиот колега Горан Анастасовски.

– Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја група јасли во градинка, но навистина имаме „беби-бум” во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот берберска овца, објавија денеска од Зоолошката градинка на својата фејсбук-страница.

Деновиве во Зоолошка се родија и лама и лемур, а претходно и лавчиња.