Машина за чистење пропаднала утрово откако се отворила дупка во плочникот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во непосредна близина на фонтаната Воин на коњ.

Во инцидентот нема повредени лица.

Ова е вторпат сервисно возило да пропадне на главниот плоштадот.

Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски шампион.