Дел од музичарите попладнево излегоа на протест пред Владата, незадоволни од забраната за настапи во угостителските објекти додека е дозволена музика во живо на свадбите.
Учесниците на протестот нагласија дека следен пат ќе дојдат пред Влада со децата, жалејќи се дека голем дел од нивните семејства се на работ од егзистенција.
Собраните најавија и продолжување на протестите доколку надлежните институции останат глуви на нивните барања.
Музичарите велат дека над 1.500 од нив немаат настапи во изминатите 15 месеци поради пандемијата, наспроти тоа што минатата година предложија протокол кој би им овозможил да се вратат на работа.