И по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување, 14-годишната Вања од Скопје сè уште не е пронајдена.
Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а проверувани биле и снимките од безбедносните камери.
Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче В.Ѓ од Скопје.
Вчера во 8.35 часот нејзината мајка З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.
Од МВР потенцираат дека за решавање на случајот и пронаоѓање на девојчето веднаш по добиената пријава биле вклучени целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, а извршени се и низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.
Истрагата како што соопшти МВР продолжи интензивно и во текот на ноќта а продолжува и денеска.
МВР апелира да не се шират дезинформации, а институцијата како што велат од таму постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.