Фото: Ка.М.

Заводот и музеј Прилеп в понеделник со пригодна манифестација од 18 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе одбележи 80 години од смртта на Али Фети Окјар, поранешен премиер на Турција, со потекло од Прилеп. Програмата во чест на Окјар пратеник, претседател на турското собрание, турски амбасадор, премиер на Турција, за кој Нова Македонија објави екслузивни информации ќе се одржи во присуство на присуство на амбасадорот на Турција во земјава, како и на неговиот роден внук што го носи неговото име Али Фети Окрај. Програмата за чествувањето беше денеска најавена на прес конференција на која беше посочено дека пригодно излагање за животниот и тгворечки пат на Окјар ќе одржи историчарот Рубинчо Белчески, носител на проектот “Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“.
-Али Фети Окјар, воено лице, политичар и дипломат на Турција, роден е во Прилеп на 29.04.1880 година, од мајка Фатма Ханим и татко Јазиџи Исмаил Ефенди, како трето дете по братот Хусеин и сестрата Емине. Од 1894 до 1897 година учи во битолската воена гимназија ,,Askeri Idadisi“ и веројатно првото запознавање со Ататурк, односно на двајцата создавачи на модерна Турција е таму. Потоа, како Али Фети Окјар, така и Мустафа Кемал Ататурк ја продолжуваат својата соработка. При тоа Окјар и во отоманскиот период и во модерна Турција бил на различни позиции во турската диппмолатија за да еден период биде и премиер Премиер на Турција – појасни Белчески, потенцирајќи дека обраќање ќе има и внукот премиерот, Али Фети Окјар, кој е професор на Универзитет во Истанбул.
Манифестацијата, рече на прес конференцијата Горан Цветкоски, директор на Завод и музеј Прилеп е дел од целосниот проект за расветлување на ликот и делото на Али Фети Окјар во Прилеп, поддржан од Министерството за култура. Во рамките на проектот на есен е планирана и изложба, а Музејот сака да има во Прилеп и спомен соба за Окјар, по теркот на собата на Ататурк во битолскиот музеј. Ка.М.