Фото: принтскрин

Дождот кој интензивно врнеше во попладневните и вечерните часови предизвика поплави на улици, булевари и локални патишта во Тетово.

Врнежите предизвикаа проблеми за граѓаните на неколку места каде редовно се поплавуваат улиците. Речиси целосно се поплавија улиците во населбата Дарданија.

Во некои куќи надојдената вода поплави дворови и подруми. Поплавен е и локалниот пат од Тетово кон Фалише кај подвозникот.
Според изјава на жители, сообраќајот е во прекин и не може да се помине од Тетово кон Фалише.

Под вода се најдоа и поголем дел од градските улици поради лошата апсорпцијата на водата во атмосферската канализација.