Фото: М.М

Четврток ќе почне рушењето на гаражите зад седиштето на ЈАТ, во центарот на Битола. По донесувањето на одлуката од страна на Советот, на седницата одржана во мај, локалната самоуправа одлучи истата да ја спроведе и да ги острани гаражите зад ЈАТ.

Според замислата на локалната власт на тој простор, од 1.500 м2, и кој ги опфаќа и поранешните бараки на судот за прекршоци ќе се гради паркинг простор. Според Општината, локалната власт ги заврши сите законски процедури и активности за остранување на гаражите. Одлуката на Советот за остранување на гаражите
предизвика револт кај нивните сопственици кои деновиве со писмо испратено до јавноста бараат да им се стави на увид проектот за изградба на паркинг просторот.

Тие се сомневаат дека на тој простор ќе се гради или катна гаража за што веќе постои и маркица или деловно станбен објект и дека со изградбата на паркинг просторот
ќе им се наруши мирот на станарите и ќе се зголеми и загадувањето на воздухот.

-Бевме на состанок кај градоначалникот и договорот беше да се понуди решение за просторот кај гаражите, кое ќе ги опфати интересите на граѓаните од околните згради и куќи и дека ќе бидеме вклучени во изработката на самото решение. Оттогаш немаме никаков одговор. Се сомневаме во нивната намера и искреност, бидејќи истите сакаат да спроведат решение без знаење на станарите, велат станарите од зградите кои имаат поставено гаражи, кои пред да се рушат гаражите,бараат да го видат проектот што ќе се гради.

-Штетата ќе ја осетиме 80 станови (320 станари) кога нашиот мирен простор за живот ќе стане катна гаража, јавен паркинг простор или можеби ветен станбен процтор од 4-
5 ката ?! – велат станарите сопственици на гаражите. Со цел да го почуствува расположението на битолчани, Општината спроведе анкета.

Според резултатите од анкетата над 85 отсто од анкетираните се изјасниле да се остранат гаражите, додека само 15 проценти биле против.
По сондирањето на јавното мислење донесена е одлука на Советот за рушење на постоечките објекти, а просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ од околу 1500
метри ќе биде преуреден.
Општина Битола, заедно со ЈП за паркирање, на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но
на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје, велат од локалната самоуправа.
М.М.