Фото: Ка.М.

Со цел развој на туризмот и промоција на Поречието, на 3 и 4 јуни годинава ќе се
одржи манифестацијата „Самоков екстрем“ беше соопштено на денешната прес
конференција од страна на Жарко Ристески, градоначалник на Македонски брод.

-Организатори на „Самоков екстрем“ се општина Македонски брод, Форум за
авангардна креативност и Здружението „Самоков екстрем“. Ќе има четири дисциплини – мотокрос, теренски возила (џипови), планински велосипедизам, планинарење и атв возила (четвороколки). Првиот ден, на трети јуни е пристигнувањето и пријавувањето на учесниците, за во тој ден да има и ревијално возење со теренски возила, мотокрос и атв возила на релација Самоков, Рамне, Брест, Фојник Планина, Требоље и назад кон Самоков. Вечерта има планирано заедничко дружење на месното население и учесниците со палење на логорски оган и концерт на Елена Јовческа и Дарко Билбилоски. Во недела на 4 јуни од 10 часот е заедничкиот старт на учесниците во сите дисциплини – рече на прес конференцијата градоначалникот на Македонски брод Ристески.

Даниел Гарбески од Здружението „Вело че“ истакна дека по петти пат ја
организираат велосипедската тура „Вело Че низ Порече“.

-Ќе имаме три велоспедски тури во различна должина. Порече има голем потецијал
за развој. Има патеки, и секоја година планираме нова велоспедска тура – рече Гарбески, потенцирајќи дека очекуваат учесници и од странство.

Градоначалникот Жарко Ристески истакна дека во целата организација е вклучено и
месното население кое на посетителите ќе им понуди локални производи и специјалитети – ѓомлезе, питулици, планински мед, чај, печурки… Имало и доволно сместувачки капацитети за сите учесници и за посетителите со пониска цена со вклучен доручек. Ка.М.