Фото: РЕК/ М.М

По речиси 15 години застој, денеска официјално во функција беше ставен новиот БТО јагленов систем во рудникот Суводол во РЕК “Битола”.

Со пуштањето во фунција на новиот БТО јагленов систем двојно ќе се зголеми откривањето и производството на јаглен во Суводол.
Вкупната вредност на новиот БТО јагленов систем е околу 7 милиони евра сопствени средства на Комбинатот РЕК “Битола”.

– Системот е изграден со речиси целосен влог на сили и ресурси на компанијата и ФОД “Битола”. Во поставување на системот учествуваа голем број стручни лица од ПЕ Рудници на РЕК “Битола”, а особено сме горди на фактот што најголемиот дел од компонентите се репарирани делови од други системи со што значително беа намалени трошоците за реализација на овој значаен проект-изјави директорот на РЕК “Битола” Пеце Матевски.

М.М.