Противпожарни екипи од Охрид вчера во текот на денот интервенираа на два пожари на отворен простор. Според информациите, изгорена е голема површина на треска, во која егзистираат голем број на птици и животни. Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имаше опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири часа.
– Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца – соопштија од ТППЕ Охрид.