фото: Зоран Антоски

Со помош на кичевските риболовци Пецо Миноски и Марко Тодороски, кои го понесоа целокупниот финансиски товар, почна изградбата на рибарски пларформи на Осломејско Езеро, кои ќе создадат услови рибарењето, на овој сѐ уште малку познат рибарски бисер, да биде многу полесно и поефикасно. Во поставувањето на овие платформи со работна рака се вклучија и поголем број кичевски риболовци меѓу другите и претседателот на СРД „Хантер Фиш“ од Кичево, Бесмир Елези.

– Од година во година на Осломејско Езеро се создаваат сѐ подобри услови за одвивање на спортски риболов. Најнов зафат е поставување на риболовни платформи каде ќе можат спортските риболовци на многу поефикасен начин да учествуваат на многуте натпревари кои се организираат на Осломејско Езеро во текот на годината – вели претседателот Бесмир Елези.

– Првите риболовни платформи се изградени благодарение на финансиската поддршка на тандемот наши риболовци Пецо Миноски и Мартин Тодороски и со активното учество во работна рака на поголем број наши риболовци, кои доброволно се вклучија во оваа акција. Во наредниот период се планира на Осломејско Езеро да се постават и други платформи и содржини, за да се создадат услови какви што треба да поседува секое спортстко – рекреативно езеро – додава претседателот Елези.
З.А.