Во Битола денес се одржа јавна расправа и презентацијата на активностите во рамките на проектот „Џаст транзишн дијагностик” кој е финансиран од ЕУ.

На јавната расправа присуствуваа градоначалниците од Битола, Могила, Новаци и Кичево како најзасегнати подрачја од оваа транзиција и претставници од Технички
факултет Битола, ЕУ делегација и „Консепт пејпер“ од Грција како проектни менаџери

Овој проект се однесува на Регионите каде се користи јаглен и каде постојат термоцентрали за производство на електрична енергија кои треба да се транзитираат во
наредните години кон производство на чиста енергија која нема да ги загадува воздухот, водата, животната средина и нема да го загрозува човековото здравје.

На состанокот беа идентификувани потребите за воведување на енергетска правда на овие подрачја, а беа идентификувани и клучните работи кон кои како локални самоуправи треба да се насочат градоначалниците во следниот период за полесно
преминување во користење на обновливи извори на енергија. М.М.