Вработените во ЈП „Нискоградба“ од месецов ќе добиваат повисоки плати за 7,7 отсто.
Ваква одлука донесе Советот на Општина Битола. Согласно утврдената финансиска состојба, зголемување на платата  изнесува 7,7 проценти.

Просечно исплатената нето плата за 2020 година изнесуваше 22.807 денари, што е за 4.375 денари помалку од просечната исплатена плата на ниво на државата и беше една од најниските во битолските јавни претпријатија. М.М.