Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со ковид-19 и 47 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати, соопшти Министерството за здравство.
Од 44 новозаболени од Скопје се 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Од 47 оздравени пациенти од Скопје се 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.182.473 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.