Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, фармацивстката компанија „Алкалоид“, чиј бренд е „Бекутан“, беше покровител на првата регионална конференција во Скопје на тема „Родителството некогаш и денес“. Во фокусот на конференцијата беше грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.
Педијатри, психолози и јавни личности од државата и од регионот дебатираа за убавите моменти, но и за незгодите во родителската кариера.
На регионалната конференција дискутираа како се менувал пристапот во родителството низ децениите, дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа може да премине во разгаленост.
На првиот панел говореа радиологот од Хрватска д-р Натко Бек, прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар и неонатолог, прим. д-р Ирена Бралиќ, д-р Горан Вукомановиќ, прим. д-р Амра Јунузовиќ-Каљиќ и педагогот Јелена Холцер на темата „Мама или баба знае подобро“. Педијатри задоволно рекоа дека денес родителите многу им веруваат на педијатрите и апелираа: „Уживајте во секој момент од родителството. Верувајте им на бабите и дедовците, тие носат смиреност, баланс. Верувајте им на лекарите, а не на д-р Гугл. Но, немојте да бидете строги кон себе и земете си време и за себе“.
Во текот на конференцијата се одржаа и други панел-дискусии поврзани со родителството и децата во современиот свет, а за сопствените искуства низ непосредни дискусии зборуваа и популарни личности од регионот, како актерот и водител Тарик Филиповиќ, актерот Петар Бенчина, Сашко Коцев, српската водителка Сања Кужет, сопругата на Тарик Филиповиќ, Лејла, хрватската актерка Мирна Медаковиќ-Степинац и шоуменот Жарко Димитриоски- Жаре.
За поделбата на улогите во родителството, говорниците истакнаа дека таткото не е тука за да помага, туку активно да се вклучи во одгледувањето на детето. „Ти си тука за да бидеш татко“, рекоа учесниците на панелот.