Фото: Приватна архива на Амела Мемиш Апостоловска

Напишана врз основа на сопствено искуство како предизвик за истражување на „аутизмот на синот и сопственото јас“ на авторката, завчера во Скопје беше промовирана книгата „Гласот на тишината“ од педагошкиот едукатор Амела Мемиш Апостоловска.
Делото, кое е збирка на кратки текстови, поеми и поезија, ги обединува, како што вели авторката, намерите, мотивите, карактерот, моралот… во склоп со Аутизмот и неговите предности, а не попречености“.

-Напишана е од сопствено искуство кое кај мене разви сопствен систем теориски постулати кои претставуваат основа за планирање, иницирање и реализирање на конкретни истражувања, пред се со внатрешното „јас“ и аутизмот кај син ми, истакнува авоторката.

Фото: Приватна архива на Амела Мемиш Апостоловска

Промоторот на книгата, проф. д-р Мирослав Пендаровски, на промоцијата истакна дека „ова интимно дело им пркоси на лицемерните обиди да се прикаже сопствената несреќа или дури несреќата на своето дете, за себепромоција, за слава“.

-Оваа книга е реткост од аспект што говори нешто толку интимно, толку болно, толку тешка ама на еден човечен, хуман и нежен глас, не-викајќи, а привлекувајќи, не-судејќи, ами приближувајќи, не-навредувајќи туку соочувајќи. Оваа книга е пример на мајчинска љубов, на пријателска посветеност, на човечки подадена рака кон сите, особено кон оние кои таква подадена рака ретко добиваат, рече проф. Мирослав Пендаровски, промотор на книгата.

Амела Мемиш Апостоловска е дипломиран педагошки едукатор, смер психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот. Мајка е на дете со аутизам.

Фото: Приватна архива на Амела Мемиш Апостоловска
Фото: Приватна архива на Амела Мемиш Апостоловска