Во попладневните часови изби голем пожар во скопската населба Пржино.

– По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите. Дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој упати благодарност до екипите на Противпожарната бригада и Министерството за внатрешни работи, кои како што вели, и покрај отежнатите временски услови биле на висината на задачата и го локализирле пожарот. Додавајќи дека најважно е тоа што нема човечки жртви и повредени, и нема зафатено ниту други домаќинства наоколу.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, градоначалникот изразил благодарност и до соседите кои излегле во пресрет и на располагање ги ставиле хидрантите од своите објекти.

Ѓорѓиевски апелираше до МВР да го истражи случајот, бидејќи како што истакна тој не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку за човечки фактор.

Во скопската населбата Пржино во Кисела Вода, попладнево настана пожар во напуштена барака, односно поранешно основно училиште. Засега не се познати причините за настанување на пожарот.

Командантот на скопската Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски за МИА потврди дека три противпожарни возила интервенираат на терен. Освен пожарникари, на терен има и екипи на полицијата.