Фото: Принтскрин/Јутуб - Волстрит џурнал

Брачниот пар кој беше заглавен во појасот Газа е евакуиран. Во моментот се сместени во Каиро.

– Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив! Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро и наскоро ќе бидат упатени кон дома – објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил.

Османи се заблагодари на професионалноста на вршителите на должност во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои, како што пишува, вложиле извонредни напори во постојаната комуникација со надлежните институции на Египет и Израел.