Фото: Архива на „Нова Македонија“

Поради магла е отежнат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром. Според информацијата на сајтот на Меѓународниот аеродром Скопје, дел од летовите се откажани или пренасочени.

Според последните информации од веб-страницата на Скопскиот аеродром вечерва, откажан е летот од Истанбул, додека летот од Цирих е пренасочен.

Попладнево, според информациите од сајтот, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.