Синоќа се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека нивниот кандидат можел да изгуби само со тежок фалсификат, и тоа и се случило. Затоа на Македонија ѝ требаше техничка влада, но Заев бегаше од предвремени избори, истакна Мицкоски.

– По онаа пародија што ја видовме од Заев и Пендаровски, сакам да се обратам како претседател на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Картата е црвена, и тоа е бојата на победата – истакна Мицкоски.

Тој потоа продолжи да ги реди општините каде што неговата партија освоила повеќе гласови, истакнувајќи дека доколку ова би биле парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоило најголем број мандати и пратеници. Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ направило одличен резултат.

– Македонијо, главата горе, имаш ти чеда што ќе те бранат, а јас ветувам и дека ќе те одбранат – го заврши своето обраќање Мицкоски.