Во изјавата на министерот за внатрешни работи остана недоречено всушност „на каква групација мисли кога рече дека тепаниот и тепачите се поврзани“. Дали можеби мислеше на политичка поврзаност и заеднички именител од таква групација? Или, пак, дали можеби министерот направи паралела на поврзаност со одредени нивни противправни поведенија при претходно сторени антисоцијални или пак криминални активности? Дали, пак, можеби министерот, според одредени информации на МВР, сите инволвирани во немилиот настан, според нивната етничка декларираност, ги подведува под истоимената групација на „македонски граѓани со бугарска самосвест“? Или, пак, крајно „иста групација“ би значело дека сторителите и жртвата ги поврзува некој заеднички именител што во моментот не е коректно да се спомнува, додека истрагата не го расчисти случајот?!
Министерот за внатрешни работи фрли ново светло на настанот и инволвираните во инцидентот во Охрид
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го окарактеризира физичкиот напад над Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, како дел од хибридната војна против Македонија.
– Луѓе од иста групација се оние што тепаат и оние што се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. За секое инкриминирачко дејство што се прави, државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и каква било друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно – рече Спасовски.
Министерот потенцира дека последните случувања се дел од едно поголемо сценарио, зад кое стојат одредени неодговорни политичари, кои, според него, не сакаат да се има добри меѓусебни односи во регионот.
– Многу лажни вести се шират. Не реагирала полицијата иако било пријавено, не реагирало здравството, што не е точно. Веднаш по пријавата, по сознанијата, македонските полицајци отидоа во болница за да видат што се случува, да земат изјава, се дадоа првичните изјави. Во болничките центри, во општата болница се преземени мерки, од првично згрижување на пациентот и заминување во „Свети Еразмо“. Ова мора да го знае македонската јавност за да не бидеме манипулирани поради неинформираност – вели Спасовски.
Во изјавата на министерот остана недоречено за тоа „на каква групација мислеше кога рече дека тепаниот и тепачите се поврзани“. Дали можеби мислеше на политичка поврзаност и заеднички именител од таква групација,? Или, пак, дали можеби министерот направи паралела на поврзаност со одредени нивни поведенија при претходно сторени антисоцијални или, пак, криминални активности? Дали, пак, можеби министерот, според одредени информации на МВР, сите инволвирани во немилиот настан, според нивната етничка декларираност, ги подведува под истоимената групација на македонски граѓани со бугарска самосвест? Или, пак, крајно „иста групација“ би значело дека сторителите и жртвата ги поврзува некој заеднички именител што во моментот не е коректно да се спомнува, додека истрагата не го расчисти случајот?!
Во очекување на одговорот од министерот на нашето писмено обраќање по оваа основа, овде само би потсетиле дека во брзата и навремена реакција на МВР, за која пак прецизно зборува министерот, беше констатирано дека СВР-Охрид на 17 декември минатата година поднела кривична пријава против Х.П. (22) од Охрид поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, стои во соопштението на СВР-Охрид тој ден. Според полициски извори, и тепачите што му ја скршиле вилицата на дилерот Х.П. им се познати на органите на редот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир во повеќе наврати.