Сирија, лулка на Библијата, одеднаш стана центар на светот. Превратот врз асадовците е шанса да стане нова светлина. Или ќе биде просперитет, како Емиратите, Дубаи, Катар, Кувајт, Оман или, пак, дупка на темнината, црн џихад со крвави вратови и раце. Изборот е ваш Сиријци! Пророкот рече – или си ислам во душата Алахова или си смрт од рака на сатаната. Еј бунтовнику – покер играш! Му запука тристрана итрина, горе, и тој избега – да даде Алаху без трага. Фрлаш „џандар“, излегуваат четири… лудница. Какви се овие покераши… пардон – разузнавачи овде? Куќата губи, непознатиот собира сѐ. Кој е непознатиот? Демнеме! Ме викаат агент антички, аман Давиде!
Да видам дали сѐ што мора да биде – е!
Некогаш кајзерот Вилхелм Втори сонуваше за пруга од Берлин до Дамаск. Требаше да помине и низ Македонија, Отоманската Империја, па на Блискиот Исток. Кога е мир, војна е во Македонија. Велат Првата светска војна изби заради пругата. Но не се направи до денес, а војните не престанаа. Дамаск е стратегиско место – гледа врз целиот исток. Минале Месопотамци, Арамејци, Хадад, Александар, Селеукиди, Римјани, Апостол Павле, Евреи, христијани, ислам, Монголи, Отомани и француска администрација. Влијанијата се: Библијата, војни, омраза, пари, мисли, убедувања, банди, религии, секти, шарија, зороастризам, халаха, асасинизам, секуларизам, комунизам, фашизам, ројализам, култури, аспирации, армии и инат… бескрај на инат без логика. Доминира триаголникот – Алепо – Дамаск – Библос, а подалеку на југ е Ерусалим. Абрахам во близината на Алепо чувал овци и ранел сиромаси. Така настанале Евреите – во плочките од Ебла од пред 5.000 години, запишани се имиња од Библијата. Од хиперкултура во хипокултура, антиката е ген на Библијата, Библијата е ген на верите, верите се ген на фундаментализмот, економијата е ген за војни. Пљачка со сила е војна, пљачка без сила е економија. Водачот Џалани рече или му рекоа да влезе во Алепо, а потоа директно во Дамаск. Неверојатна победа, блиц – побрза и од Израел во 1967. Ме потсеќа на Брежњеовата „путер-војна“ во 1968 г. кога влезе во Чехословачка експресно, благодарејќи на екстраординарни разузнавачки служби, за разлика од сегашната „суперкасапница“ во Украина и Блискиот Исток (сапуница месарска). Е па – ако добро работат (се договараат) разузнавачките служби, работата иде „како во путер“. Во Сирија работат ЦИА, ДИА, НСА, Мосад, Шин Бет, единицата 8.200 (последните три од Израел), МИ6 (Британија), МИТ (Турција), „Verzatte-Etalat“ (Иран), ИНИС (Ирак), ФСБ-КГБ-Спецвиаз (Русија), МСС (Кина), ДГСЕ (Франција), Асајиш (Курди), плус агенции од Египет, Саудиска Арабија, Германија, Бугарија, Украина, Ерменија, Грузија итн. Без империја и без пари нема револуција. Револуцијата е нов империјализам. Агенциите се креатори на џихадизмот (талибанизам, муџахедини, Ал каеда, Хамас, ИСИС, Босна, Косово, Македонија) и сега мора да се игра – пали ваму, пали таму. Замислете, сега слугите го толчат господарот. Творецот станува слуга. Европа е слуга. Примитивизмот е предност. Не знаеме со сигурност, но ова во Сирија е договор меѓу САД, Израел и Русија. Иран остана по страна и ќе мора да ја менува стратегијата. Џалани (Julani) е „јајце“ на Израел и САД што е вметнато и се „изнесе“ сега како во Јура-парк. И Турција е „икра“ – таа го помогна ХТС со интерес да го отстрани Асад и да ги „пресече“ Курдите од Сирија и Турција.
ДААНЕС е курдска автономија во североисточна Сирија. Има нафта што ја користат САД и неизвесна е иднината. Ердоган се џилити со антиизраелска и антисемитска реторика, но животот му зависи од нивните агенти. Велат и тој е Евреин џихадист, ghost Jew (Баер). Во Турција 25 отсто од луѓето се Курди, некои моќни и членови во Билдерберг. А Израел има интерес да ги тргне Асад и партијата БААС (квазисоцијалистичка профашистичка), плус да го „пресече“ патот за снабдување со оружје од Иран за Хезболах, плус рушење фабрики за хемиско (можеби и нуклеарно) оружје. Ако џихадизмот во Сирија биде како и порано – ќе има ужасна војна. Тоа зависи од Џалани и Америка. Иран мора да ја менува играта или со нови партнерства или со помирување со Западот, или го чека катастрофа (внатрешна имплозија – војна на секој со секого, или помалку веројатно – нуклеарна војна). Продолжува со „збогатен“ ураниум (27 отсто) и набавка на центрифуги. Русија го губи Медитеранот. Нејасно? – Вака: даваш две карти, земаш две. На земените карти пишува – Јалта, Сан Стефано… јасно? Русија ќе се концентрира на Црно Море, но ги чува двете бази во Сирија (за Африка). Ја добива војната во Украина, романските гласачи се русофили („грузиски синдром“), а и Бугарија е слична (интенција на Русија е од Црно до Јонско Море). Бугарија и дете ќе си даде за Македонија, а има и „икри“ овде. Израел ќе ги продолжи борбите со Хезболах и Хамас, во што и нема друг излез. Ќе ја зголеми „бафер зоната“ и концентрира ракети, артилерија, тенкови на Голан и авијација – во Кипар, Азербејџан итн. Џихадот се шири во Европа и Америка, агресивно (информации од АИПАК, АДЛ, „Agudas“). Во Германија и Франција цивилите се плашат слободно да шетаат поради џихадизмот. Постои „инвазија врз жените“ и не смеат за тоа да зборуваат (податок од пријатели таму). Канада е загрозена, а и Јужна Америка за што е свесен само Пентагон. Ние (разбира се) спиеме и џихадистите ни се под долната облека и душекот. Нема уапсен наркоџихадист и нема да има.
Пари, ах пари! ООН е тотална импотенција и џихад, а ЕУ покрај џихаден тоалет, паѓа политички и економски (порази – трошоци во Украина, нема лидери, фашизација, декаденција, гледа опасност од БРИКС). НАТО е во криза, а ако добие нокдаун од Трамп – или ќе се преструктурира или ќе колабира, а може да стане „вазал“ на Русија, што има несогледливи последици (вклучувајќи и за Македонија). Сепак мислам нема да дојде до тотален пад. Покрај тоа постои економски и историски циклус (Тојнби, Кондратик, Кузњец, Шпенглер, Штраус-Хоуи, Бенер, Елиот). Бегалците од Сирија – околу 14 милиони, ќе одат назад, некои ќе проаѓаат низ Македонија и Србија, па ќе имаме дополнителна џихад-галерија. Џихадизмот е проблем и во Израел (30 отсто се Арапи), а за тоа се свесни, за жал, само некои верски водачи и Нетанјаху (ако не го среди суд).
Кој е Џалани (Ахмед ал Сараа)? Има 42 години, син е на нафтен инженер, од Голан во Сирија, па Саудиска Арабија, па Сирија. „Прошетал“ низ серија џихад-организации, од ИС во ИСИ, па Багдади (ИСИС), па Нисра, па Ал каеда, Јабхад Фатах и сега Хајат Тахрир ал Шам (ХИС и СГ). Нема податок дали бил на Балканот (со Бин Ладен, кој во Македонија бил двапати). Западот се надева дека нема да биде џихадист (дали да ѝ веруваш на змијата?) Има два вида џихадисти: кои веруваат во Алах (ја бранат религијата и не се убијци) и кои лажно веруваат (убијци, џелати, сатани). Да нагаѓаме дека Џалани ќе биде „прозападен“ 60-70 отсто. Ќе се соочи со спектрум ребели (џихадисти, комунисти, Курди, милиции, православни), верски (сунити, шиити, христијани итн.), Иран, Турција, Израел, низа народи и етникуми, сиромаштија, болести, нафтен проблем (извори користени од САД), бегалци, опасни солидарности со Хезболах и Хамас и со сите наведени разузнавачки служби. Џалани носи униформа, без капа, моторџија е (потсеќа на Че Гевара и Фидел Кастро, се надевам без истите ликвидации), некогаш со чалма (Ал каеда). Премиер е Мохамед ал Башир, инженер што индицира тенденција кон изградба и развој. Таткото на Асад – Хафез ал Асад беше основач на партијата БААС (блиска на СССР и Тито), секуларна, но диктаторска и фашизоидна. Криеше познати нацисти, вклучувајќи го и Бринер (пријател на Хитлер, Химлер и Ајхман), кој „го изгоре“ Балканот и беше баран од Визентал и Тито, но не беше испорачан. Многу други нацисти се мотаа таму. Водеше неколку војни против Израел. Син му Башар ал Асад деспотски ја водеше земјата околу 30 години. Има употребено бојни отрови и градеше нуклеарно оружје (срушено од Израел). Сега е во Русија. Сѐ уште има отворени обожаватели во Србија и Македонија.
Инаку, „џихадизам“ е погрешен термин воведен од Бжежински (финансиран од Рокфелер, Буш, Форд и Сорош), кој ги создаде муџахедините и талибанците во Авганистан. „Џихад“ во средниот век значело одбрана на Господ, а сега се користи за исламските терористи и екстремисти, по традиција на некогашните асасини. Џихадистите сега се борат против Израел (бараат истребување), но и против Америка и Европа, а некои и против Русија. Диригирани се од разузнавачки служби. Какво влијание и последици ќе има Сирија врз Македонија – ќе видиме, но немири и тероризам се извесни.
Професор д-р Самуел Садикарио