Фото: Принтскрин

Министерот за здравство не планира да поднесе оставка, додека Собранието не одлучи поинаку.

– Оставка не поднесувам – рече Меџити и додаде дека и по изборите ќе биде министер.

Вели дека оставка се поднесува ако не си работел чесно и морално, а во неговиот случај тоа не е така.

Тој рече и дека не е вистина оти ќе разрешува директори на ДУИ.

Управниот совет на Алијансата за Албанците вчера за нов министер го предложи Илир Демири. Паријата се соочува со раздор поради несогласувањата помеѓу Арбен Таравари и Зијадин Села дали на претстојните избори ќе настапат самостојно или ќе се приклучат кон опозицискиот блок. Конечната одлука се очекува да биде донесена в сабота на партиското Собрание.