Славко Митевски (прв од лево кон десно)/Фото: Фејсбук/Левица - Ѓорче Петров

Дел од македонските медиуми објавија дека Раде Шербеџија бил присутен на синоќешното отворање на нова канцеларија на Левица во Ѓорче Петров, откако го помешаа славниот актер со членот на советничката група на опозициската партија во Советот на општина Карпош Славко Митевски.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денес на Фејсбук се пошегува со забуната на медиумите, пишувајќи „Знае Раде каде е силата“, во прилог на што објави линк до одредена вест во која беше наведено дека Шербеџија присуствувал на отворањето на партиските простории.

Одредени медиуми кои направија грешка, се правдаа дека Митевски наликува на актерот, како по изгледот, така и по стајлингот.