Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, земја претседавач со Унијата.

На средбата се разговараше за можностите за напредок на Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија следниот месец. Соговорниците разменија информации и мислења за билатералните прашања врзани со добрососедските односи, во контекст на надминување на проблемите со Бугарија.

На средбата се потенцираше важноста за скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во Европската Унија.

Претседателот изрази благодарност до министерот Силва за напорите на португалското претседателство коешто, покрај бројните значајни теми, ја одржува во фокус и дебатата за проширувањето на Европската Унија.