Сведоштво и потсетување за лична судбина на значаен научник – физичар, академик на БАН, кој се изјаснувал како Македонец, Георги Наџаков, е упатено на адресата на МАНУ (истовремено и на адресата на Бугарската академија на науките – БАН) од страна на универзитетскиот професор по физика, Искрен Азманов, сега и член на Академијата на науките на Њујорк. Професорот Искрен Азманов, кој сега живее во САД, се обраќа до двете академии (Македонската и Бугарската), со апел да се посвети внимание и да се соберат на едно место, во повеќе томови, трудовите на научникот Георги Наџаков

Судбини на видни Македонци во мрежата на бугарската патолошка опсесија со Македонија

Високиот напон во македонско-бугарските односи последнава година, исполнето со уцени за откажување на Македонците од својот национален, историски, јазичен… идентитет, во „замена“ за олабавување на бугарското вето за македонските евроинтеграции, придонесе за поширока, глобална заинтересираност и перцепција на случајот. Посебно зачудувачки и изненадувачки за објективниот аудиториум беа постапките на Бугарија, кога таа сфати дека може да ги користи механизмите на ЕУ, на која е членка, за да ја наметне во јавноста сликата од своето искривено огледало за Македонците дека се Бугари, дека не постои македонски јазик, ниту историја.
Сега, низ светот, во врска со тоа, сѐ повеќе на површина излегуваат сведоштва и судбини на реални личности, некои од нив и видни авторитети во одредени професионални области, кои живееле (и живеат) со искушенијата и страдањата заради македонското самоопределување во Бугарија.

Кој е академикот на БАН, Македонецот Георги Наџаков

Едно такво сведоштво и потсетување за лична судбина на значаен научник – физичар, академик на БАН, кој се изјаснувал како Македонец, Георги Наџаков, беше упатено на адресата на МАНУ (истовремено и на БАН) од универзитетскиот професор по физика, Искрен Азманов, сега и член на Академијата на науките на Њујорк. Професорот Азманов, кој сега живее во САД, се обраќа до двете академии (Македонската и Бугарската), со апел да се посвети внимание и да се соберат на едно место, во повеќе томови, трудовите на научникот Георги Наџаков.
– Приложувам копии од насловните страници на печатените книги за физика, чиј автор и коавтор е академик Георги Наџаков. Ова се веќе стари и заборавени изданија. Повторувам, стари, но науката во овие книги изработени од академик Георги Наџаков е актуелна и денес. Не е пријатно што тие не се собрани во повеќетомно издание, напишано од колосалниот физичар, кој предавал на Универзитетот во Софија. Ако се собере во повеќетомно издание, тоа ќе има особено силно образовно влијание меѓу студентите и дипломираните физичари – пишува до академиите, професорот Азманов од САД, нагласувајќи ги научната големина и значење на академикот Георги Наџаков, починат пред речиси четири децени. Тој предлага да се направи такво издание што ќе сугерира нови откритија, издание на три јазици што ќе донесе значителна вредност и гордост, за што и самиот академик Наџаков имаше свое самопочитување.

Проф. Азманов: Академик Наџаков ми се претстави како Македонец!

Во писмото до МАНУ и до БАН, научникот од САД, ученик на академик Наџаков, се потсетува на нивните научни, но и патриотски разговори.
– Имав многу значајна интелектуална блискост со физичарот Георги Наџаков. Го прашував за принципите, моделитетите и релевантноста на неговото откритие. Ме интересираше, како воопшто се стигнува до научно откритие… Пронаоѓање природен феномен, каков е ставот и како на скалилата на науката се проценува новото откритие, непознато дотогаш. И физичарот великодушно ми ја даде формулата за тоа.
Искажав размислувања за неговите „фотоелектрични ќелии“, но и дека има уште многу да се кажува… Тој се согласи со мене, а јас тогаш бев млад член на „Комсомол“. Зборувавме во многу детали. Тој ги даваше своите процени великодушно, полн со богата мисла.
Сега страдам што не можам да прочитам сè што е напишано од знаењето на академик Георги Наџаков, собрано во едно. Бугарскиот физичар Георги Наџаков имаше самочувство на Македонец. Имав возбудлив разговор со физичарот: и научен и патриотски. Тој ми се претстави како Македонец. Како се случи ова? Како се случи тоа, е поентата на моето објаснување.
Интуицијата, мојата длабока и прецизна мисла, ми кажа треба да настапам, за да не паднам и да можам да продолжам со мојот поход и со мислата.
Академикот ме проценуваше прашувајќи ме што мислам јас и што мислат луѓето од Благоевград: дали мислат дека бугарскиот интелектуалец и стандарден модел на цивилизација е целосно и генерално создаден од македонски интелектуалци. Се согласив со него, сугерирајќи дека од светите браќа Кирил и Методиј до Јане Сандански и Гоце Делчев и сѐ повеќе и повеќе ја пишуваа историјата на Бугарија – сите ние сме Македонци. Првиот е Александар Велики и неговиот татко пред него.
Повторно, академик Наџаков ме праша за денешното самочувство на луѓето и народот тука, за тоа што се: Македонци или Бугари. Му одговорив… Сите сме Македонци во Пиринско, но засега не сме лути што нѐ нарекуваат Бугари. Но јас дадов и критички сигнал за процена на Македонците, споменувајќи дека има и глупави Македонци, кои, за жал, зазедоа место во историјата и во бугарскиот цивилизациски модел.
Ми постави прашање: кои се тие, глупави Македонци? Јас го одложив мојот одговор за да не го навредам академик Георги Наџаков, знаејќи кој е неговиот шеф во Бугарската академија на науките… Ова е тој.

И реков… и што е филозофот академик Тодор Павлов, нели е будала…?
Како резултат на мојот брз одговор, лицето на академик Наџаков блесна со волшебна шармантна насмевка на согласност со мене и ми ја подаде раката како знак на истомисленост. За потврдување на согласноста.
Академик Георги Наџаков знаеше дека Тодор Павлов го удостои Трофим Лисенко да биде почесен член на БАН.
И затоа се сметаше дека овие двајца академици припаѓаат на македонскиот историски еквивалент на научна слава. Но едниот имаше колосално освоено и заземено место во „Наука“, а другиот беше извалкан во срамота со филозофска кал.
Единствената придобивка за Македонија, делото на штипјанецот Тодор Павлов беше тоа што тој го предаде телото на Гоце Делчев на Македонија.
Македонија сè уште не ја цени колосалноста на физичарот академик Георги Наџаков. Неговата посета на Благоевград во 1978 година беше негов сон за предците, бидејќи неговите родители се преселија во градот Дупница од старата Горна Џумаја, каде што е роден, но тој смета дека неговото родно место е македонскиот град Горна Џумаја.
Чудно е што за Георги Наџаков и 40 години по неговиот крај нема апогеј за неговиот придонес во знаењето за проучување на материјалниот свет и неговите тајни опширно проучувајќи ја енергијата и светлината – пишува физичарот Искрен Азманов
На крајот од писмото до МАНУ и до БАН, професорот Азманов му се обраќа посебно на претседателот на МАНУ, академик Коцарев, апелирајќи дека „овој концепт е исто така во вниманието на Македонската академија на науките, заради процената на колосалноста на физичарот академик Георги Наџаков, што е позната“.