Фото: Игор Бансколиев

Во Собранието на Република Македонија веќе два часа доцни почетокот на продолжението на пленарната седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени.

Во зградата на Собранието се присутни најголем дел од пратениците од овој собраниски состав, како и премиерот Зоран Заев чие присуство беше најавено на пленарното заседание.

Официјално никој не соопштува на што се должи доцнењето од два часа на почетокот на продолжението на седницата. Неизвесно е дали на гласањето ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, односно 80 гласови од пратениците за пристапување кон уставни измени.