ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира со возила. Протестот ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Штип.

– Денес, 23  Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите – соопштија од партијата.

Протестот започна во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието каде ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.