Во последните десет години регионот го имаат напуштено над пет милиони луѓе, поради што се потребни заеднички иницијативи и усогласување на социјалните политики во земјите од регионот за постигнување на подобар квалитет на живот за сите граѓании и создавање на „држави на благосостојбата“.
За таа цел во Белград се одржува регионална конференција “Иднината на државите на благосостојба на Западниот Балкан“, на која учествува и минисерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Паралелно со економскиот раст државите треба ги развиваат и заштитните компонети, бидејќи граѓаните во периодот на транзиција имаат големи проблеми и се соочуваат со социјалните предизвици, како постарите така и помладите генерации и државите треба да ги пресретнат овие предизвици-изјави министерката Царовска.
– Македонија во изминатава година создава нов закон за социјална заштита, кој ќе биде историски исчекор во унапредувањето на социјалната заштита и за прв пат после толку години ќе имаме нов закон кој ќе ги подели материјалните права од услугите. Ќе создаваме услуги на локално ниво кои ќе ги подржуваат граѓаните од сите ранливи категории, бидејќи парите иако се значајна компонета, не се и пресудни, изјави Царовска.
На дводневната конференција која ја отвори српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ, во македонската делегација, покрај министерката за труд и социјална политика Царовска, учествуваат и преставници од МАНУ, од научната заедница и граѓански организации, кои заедно со останатите учесници од регионот разговараат за тоа како да се усогласат политичките, социјалните, економските и образовните политики во земјите од западен Балкан за постигнување на подобар квалитет на живот за сите граѓани и создавање на „држави на благосостојба“.
Сите заклучоци од конференцијата треба да бидат преточени во еден заеднички документ кој понатаму ќе го следиме и споведуваме, нагласи Царовска.