ФОТО: Менде Младеновски

 

Вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа мирен протестен митинг на битолските пензионери, кои се спротиставуваат на предлогот на Владата од септеври
пензиите да бидат зголемени за 6 отсто.
Од протестниот митинг во Битола, битолските пензионери побараа минималната пензија да изнесува 18.000 денари, а зголемувањето на пензиите од септември да биде линерно по 8000 денари за секој пензионер и тие средства да влезат во основицата на пензиите.
Битолските пензионери му дадоа апсолутна поддршка на пензионерите кои во понеделник во Скопје ќе одржат протестен митинг.
Инаку на протестниот митинг пензионерите нагласија дека нивните барања ги поддржуваа најголемиот број битолските пензионери кои во Битола, Новаци и Могила ги има 18.000 членови.
Тие нагласија дека најголемиот број пензионери живеат со минимални пензии од кои не само што не можат да си ги подмират минималните трошоци за живот и дека
најголемиот дел од тие минимални пензиии ги трошат за лекарства.