Фото: Архива

– Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал – информираат од Обвинителството.

Како што велат оттаму, тој бил пронајден и лишен од слобода следниот ден. Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.