Фото: Архива

Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија.

Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.

-Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели – порачуваат од Обвинителството.

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот „Онкологија“.

– Повикувам уште еднаш, апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите – порача Меџити.

Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со онкологија, истакна Меџити