Архива / Фото: Игор Бансколиев

Под влијание на топол бран во земјата следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а некаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.