Поголем дел од количините ленти за мерење шеќер во крв пристигнаа и во тек е нивна распределба почнувајќи од Здравствен дом Скопје, а во текот на утрешниот ден и во другите здравствени домови низ државата, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Посочуваат дека во континуитет се обезбедуваат потребните количини ленти за мерење шеќер во крвта за пациентите со дијабетес.

Изминатите неколку дена, поради актуелната кризна состојба во Украина, како што наведуваат од Министерството, краткорочно се пролонгираше транспортот на лентите, но тој проблем е веќе надминат.
Во текот на оваа недела ќе пристигне и преостанатата количина, така што непречено продолжува редовната дистрибуција на ленти за пациентите со дијабетес, потенцираа за МИА од Министерството за здравство.