Министерството за транспорт и врски информира дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.
-Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта – велат од Министеството.
Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
-Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта – се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Во него се апелира до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај. ЈП Македонија пат, се посочува, во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.