Македонија денеска го одбележува Светскиот ден – НАШ (NASH), посветен на заболувањето на неалкохолно замастување на црниот дроб. Ситуацијата со заболени во Македонија не е многу поразлична од состојбата во светот, меѓутоа официјални статистички податоци сѐ уште нема, како што наведуваат од прилепското здружение „Сочувај, лекувај“, асоцијација на пациенти со заболување на црниот дроб – СЛАП.

Бидејќи самото заболување го афектира црниот дроб најмногу поради нездравиот начин на живот и пациентите со дијабетес, кои што според официјалната статистика во Македонија во 2016 изнесувал над 120 илјади, а околу 40 илјади се зависни од инсулинска терапија, можеме да претпоставиме дека бројот на заболени од НАШ е далеку поголем – истакнуваат од СЛАП.

Организацијата годинава го одбележува Светскиот НАШ Ден со повеќе цели меѓу кои ги потенцира следните:

  • Пред сѐ, оваа болест не е никако поврзана со консумирање на алкохол, што значи сите се изложени на истата без разлика на возраст и пол
  • Загрижувачки е што според сите истражувања најголем пораст на новодијагностицирани во светот е токму младата популација – деца. За децата, болеста е уште позагрижувачка бидејќи може да доведе до сериозни последици врз здравјето во зрелоста. Всушност, луѓето со НАШ имаат вкупна стапка на смртност од 7,9% во рамките на седум години после дијагноза
  • Поради недостаток на јавна свест за здравјето на црниот дроб, а особено за НАШ, на пациентите им е тешко е да направат разлика помеѓу симптомите поврзани со
    НАШ и други здравствени проблеми. Пациентите, исто така, чувствуваат
    недостаток на соодветни информации, поддршка од нивните лекари и
    професионална здравствена заштита како и недостаток на едукација кај
    медицинскиот персонал кој би можело да НЕ направат испитувања за НАШ, дури
    и кај пациенти со повеќе од еден висок фактор на ризик. НАШ има далекусежни
    ефекти врз јавното здравје што не се ограничени на црниот дроб. Болеста покажа
    значајни коморбидитети со различни други состојби – дебелина, дијабетес тип 2, и
    хронично заболување на бубрезите
  • Истражувањата открија и поголеми проблеми кои оваа болест ги предизвикува за квалитетот на животот и продуктивноста на работата кај пациенти со напреднат НАШ. Пациенти со потешка фаза на болеста земааат често отсуство од работа поради лекарски прегледи, што во крајна линија доведува до промени во работното
    место. Отсуство на работа е исто така проблем со работодавците, предизвикувајќи
    изгубени плати, а понекогаш дури и губење на работа

Самиот процес за поставување на дијагноза е тежок, првенствено поради тоа што заболувањето не се манифестира со специфични симптоми, но и поради немање
здравствена култура кај населението за навремено и редовно испитување на црнодробните ензими. Исто така дополнително македонската традиционална кујна
вклучува многу продукти кои се штетни за црниот дроб.

СЛАП организирање на различни активности се труди да ја подигне свеста кај општата популација за постоењет на оваа болест за која многу малку се знае. Меѓутоа не само кај општата популација, туку и кај лекарите, нивото на свеста за оваа болест е многу ниско, па затоа е упатен апел и лекарите да обрнат поголемо внимание на здравјето на црниот дроб, бидејќи тешко се дијагностицираат, тешко се превенираат поради недостаток на свест кај луѓето, а уште потешко се лекуваат.

Годинава продолжува и традицијата со денешната организирана прошетка во шума. Се очекува бројот на учесници на настанот да биде околу 100. Истовремено СЛАП изразува огромна благодарност на институтот „Глобал Ливер“ за укажаната поддршка и доверба што овозможуваат реализација на активностите.


Ненавременото препознавање на симптомите еден од проблемите во дијагностицирањето

Неалкохолниот стеатохепатитис (НАШ) претставува честа, но во голема мера не доволно акцентирана болест на црниот дроб, која е тесно асоцирана со обезност и со метаболен синдром. Еден од проблемите во дијагностицирањето на пациентите НАШ претставува ненавременото препознавање на симптомите на оваа болест и занемарувањето на значењето и можните подоцнежни компликации од истата, како
што е појавата на црнодробна цироза и на хепатоцелуларен карцином. Токму затоа мултидисциплинарниот пристап кон пациентите со НАШ, како и континуираната едукација и комуникација помеѓу лекаритее клучна и нужна за навремено дијагностицирање и препознавање на заболувањето, наведува д-р Дафина Николова од Универзитетска Клиника за Гастроентерохепатологија.

Друг значаен хендикеп во водењето на пациентите со НАШ претставува немање на државен регистар за болни со НАШ во Република Македонија, со што на лекарите им е
оневозможен пристап до прецизни информации за бројката на пациенти, еволуција
на болеста и квалитот на грижа за овие пациенти.

Во однос на дијагностичките алатки, на Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за биохемија и Институтот за Патологија, тие се достапни и се во тек со
светските препораки.

Опциите за третман се делумно лимитирани, со оглед на тоа дека не сите лекови за
третирање на НАШ се достапни на македонскиот пазар.

Предизвици постојат, но со прецизна анализа и план секако дека овие недостатоци
можат да се надополнат, со цел пациентите со НАШ да имаат подолг и поквалитетен
живот, заклучува д-р Николова.