Фото: Маја Јаневска-Илиева

За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот.

Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник повторно се очекува стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе биде во интервалот од 9 до 18 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура до 33 степени.