Фото: Маја Јаневска-Илиева

Податоците од Пописот 2021

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се 18.897 или 1,2 % неписмени лица, од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.
Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1,5 % без образование, 62.129 лица или 4,1 % се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27,8 % се со основно образование, 672.375 лица или 44,1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17,3 % се со високо образование. Пописот покажал дека 29.654 лица или 1,9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45.174 лица или 3 % се со непозната школска подготовка.