Скопската полиција во попладневните часови на 18 јуни во Центар привела 31-годишен државјанин на Република Ирска.
Како што информираат од МВР, Ирецот во угостителски објект на „Кејот 13 Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и ги вознемирувал присутните гости.
Откако на местото дошла полициска екипа, тој почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.
По целосно докуменитрање на случајот, против Ирецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.