Дваесет и седумгодишен маж од кочанското село Тркање загина вчера во сообраќајна несреќа што се случи на агистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано „База Гранит“.

Сообраќајката се случила кога камион, управуван од Ѓ.Г.(50) од Велес, се судрил со возилото на сега починатиот М.Ј.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.