Фото: Илустрација

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кавадарци.

– Сообраќајната несреќа се случила помеѓу моторцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници – наведуваат од МВР.

Мотоциклистот по несреќата со тешки телесни повреди е пренесен во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Четири лица се повредени од кои едно потешко во собраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Штип – Неготино помеѓу патничко моторно возило „пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена во 20 часот, а повредените биле пренесени во штипската болница.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип – наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Вчера во 18.25 часот во МВР било пријавено и дека во Скопје на крстосницата од улица „Киро Фетак“ и улица „Иван Мажураниќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.Н.(44) од село Долно Лисиче, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С.(38) од село Брест и патничко моторно возило „форд фиеста“ паркирано од С.Ш.К.(31) од Скопје.

Во незгодата, како што информира МВР, со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и уште тројца сопатници од истото возило, како и возачот П.Н.

Повредите се констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.