Фото: З.А.

Куќа и плевна целосно изгореа во пожар што избувна во село Другово, синоќа во 20.40 часот. По само пет минути од појавата на пожарот на самото место пристигнаа три возила на ТППЕ Кичево, но брзото ширење на огнената стихија го оневозможи гасењето на огнот и покрај очајничките напори на пожарникарите да се справат со пожарот.

– Од засега непознати причини синоќа во 20.40 часот избувна пожар во куќа во село Другово. По само пет минути наши екипи беа на самото место а се интервенира со три возила и петнаесет пожарникари. Брзото ширење на огнената стихија го оневозможи навременото гасење на пожарот и покрај очајничките напори на нашите вработени. Единствено успеавме да го локализираме пожарот за да не се прошири и на останатите куќи кои во поголем број беа во непосредна близина на огнената стихија – информира Секула Вељаноски од ТППЕ Кичево.

Причините за пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат. З.А.