Жена од Струмичко пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од преку 8.000 евра. Како што информира МВР, таа се договорила со лицето да ѝ ја реновира куќата, му плаќала во три наврати, праќајќи му пари од странство, но откако се вратила видела дека работите не се завршени. Случајот е пријавен вчера, во 11.20 часот во СВР Струмица.
– Триесет и шестгодишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите. Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.6.2024 лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата – наведува МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.